Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Бизарна кражба во Кочани: Осомничен се заглавил на оградата на црквата

Синоќа во храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани бил пријавен обид за кражба, при што непознато лице се обидело насилно да влезе во објектот.


Според првичните информации, по неуспешниот обид за влез, лицето се дало во бегство, но се заглавило на металната ограда што ја опкружува црквата. За да биде извлечен осомничениот, на терен морале да интервенираат екипи на полицијата, Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош.


Инцидентот се случил во ноќните часови, токму во пресрет на празникот Ѓурѓовден – храмовата слава на црквата, што предизвика вознемиреност и бројни реакции кај локалното население.

Последни теми