Денеска, со почеток во 12 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија на улицата „11 Октомври“, група граѓани ќе одржат протест со кој ќе го изразат своето незадоволство од постапувањето на Управата за јавни приходи (УЈП) во врска со оданочувањето на приходите остварени од странство.
Според најавите, протестот е организиран како реакција на барањата за плаќање данок за приходи стекнати надвор од државата. Ова предизвика револт кај дел од граѓаните, кои бараат појаснување на законската рамка и на досегашните практики на институциите при спроведувањето на даночната политика.
Информации за сообраќајот:
- Од Министерството за внатрешни работи информираат дека, доколку има потреба, сообраќајот во централното градско подрачје ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
- Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на движење.
Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се придржуваат кон сообраќајните правила, со цел да се овозможи безбедност за сите учесници во сообраќајот.