Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека денеска се очекува ново поевтинување на дизелот за околу 2 до 2,5 денари, врз основа на пресметките засновани на движењата на меѓународните берзи.
Тој посочи дека Владата во изминатите два месеци презела низа мерки за справување со енергетската криза, нагласувајќи дека станува збор за влијанија од надворешни фактори и актуелните геополитички случувања.
Мицкоски додаде дека е можно минимално зголемување на цените на бензините, додека намалената стапка на ДДВ од 10 проценти останува во сила во текот на оваа недела.
До крајот на неделата ќе се направат дополнителни анализи за понатамошните мерки, а договорениот попуст со ОКТА останува во примена до крајот на април, најави премиерот.