Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Бродот со хантавирус утре пристигнува во Тенерифе — СЗО проценува низок ризик

Крузерот „МВ Хондиус“ (MV Hondius), на кој беа регистрирани смртни случаи поврзани со хантавирус, утре рано наутро треба да пристигне на шпанскиот остров Тенерифе, каде што властите веќе воведоа засилени здравствени и безбедносни мерки.


Операторот на бродот информираше дека се спроведуваат детални подготовки за прием на пловилото, кои вклучуваат карантински процедури, медицински проверки на сите патници и членови на екипажот, како и организација на нивното понатамошно патување.


Во координацијата се вклучени Светската здравствена организација (СЗО), холандските власти и шпанските здравствени служби.


Бродот плови под холандско знаме и превезува 147 патници. Според последните информации, од четвртокот нема нови сомнителни случаи, но експертите предупредуваат дека инкубацискиот период на хантавирусот може да трае и до шест недели.


По пристигнувањето во пристаништето Гранадиља на Тенерифе, шпанските здравствени власти ќе ја преземат контролата врз тестирањето, медицинските проверки и евентуалната изолација на патниците.


САД веќе најавија специјални летови за евакуација на своите државјани од бродот.


Од почетокот на заразата, која започна на 1 април по испловувањето од јужна Аргентина, потврдени се три смртни случаи – брачен пар од Холандија и една жена од Германија.


СЗО претходно соопшти дека се потврдани шест лабораториски случаи и оцени дека ризикот за пошироко глобално ширење засега останува многу низок, бидејќи вирусот не се пренесува лесно меѓу луѓето.

Последни теми