Инцидент се случи за време на јавен настан во САД, кога поранешниот маринец Брајан Мекгинис извика: „Никој не сака да се бори за Израел“.
На видеоснимка која се шири на социјалните мрежи се гледа како американскиот сенатор Тим Шихи, кој и самиот е поранешен припадник на елитните морнарички специјални сили Navy SEAL, му приоѓа на ветеранот и се обидува да го отстрани од настанот.
За време на оттурнувањето и фаќањето, на видеото се гледа како раката на Мекгинис се крши додека е држен од сенаторот.
Снимката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, при што дел од корисниците отворија дебата за правото на ветераните јавно да поставуваат прашања за тоа за кого и за што американските војници се испраќаат во војна.