Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Уапсени разбојници за грабеж на старица на мостот „Гоце Делчев“

Двајца разбојници нападнале и ограбиле 74-годишна жена на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, при што со употреба на физичка сила ѝ го одзеле накитот. Инцидентот се случил вчера (11 април) околу 13:05 часот.


По преземени брзи оперативни мерки, околу 15:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М. (39) и А.С. (28), двајцата од Скопје. Накитот е пронајден кај нив и ќе ѝ биде вратен на сопственичката.


По целосно документирање на случајот, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до надлежното обвинителство.

Последни теми