Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

ЕУ го активира системот EES: Дигитална контрола на границите со биометриски податоци

Од денеска Европската Унија целосно го става во функција Системот за влез/излез (Entry/Exit System – EES), кој ќе ги регистрира сите странски државјани што ги преминуваат надворешните граници преку копнени премини, пристаништа и аеродроми. Системот воведува автоматизиран начин на евиденција за патниците од земјите што не се членки на ЕУ при нивниот краткорочен престој.


Со воведувањето на EES, преминувањето на границата ќе се бележи електронски, при што ќе се земаат биометриски податоци, вклучувајќи отпечатоци од прсти и дигитална фотографија. Целта е побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој според правилото „90 дена во период од 180 дена“. Иако системот е замислен да ја зголеми ефикасноста, во почетната фаза се очекува можно зголемување на времето на задржување на граничните премини.


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени сите неопходни мерки за обезбедување непречен проток на патници, со зголемен ангажман на граничната полиција. Надлежните најавуваат континуирано следење на состојбата на терен и навремено информирање на граѓаните.


Од Асоцијацијата на превозници „Макамтранс“ посочуваат дека не се очекуваат поголеми застои во товарниот сообраќај, но предупредуваат на можни задржувања кај патничките возила. За професионалните возачи се препорачува строго следење на деновите на престој, со оглед на тоа што од денеска започнува комбинирано броење врз основа на електронските податоци и печатите во пасошите, сè додека системот не стане единствен репер за евиденција.

Последни теми