Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Тројца убиени во престрелка кај израелскиот конзулат во Истанбул

Тројца напаѓачи се убиени во вооружен инцидент во близина на објектот каде што е сместен израелскиот конзулат во Истанбул, по жестока престрелка со турската полиција.


Според информациите од турските медиуми, тројца вооружени мажи отвориле оган, по што следела брза реакција на безбедносните сили кои успеале да ги ликвидираат на лице место. Во инцидентот се ранети и двајца полициски службеници кои учествувале во акцијата.


TOPSHOT - Police officials gather outside The Israeli Consulate in Istanbul on April 7, 2026, following a shootout between gunmen and police.


Настанот се случи во деловниот кварт Бешикташ, во зграда каде што на еден од катовите се наоѓа израелскиот конзулат. Оваа област е исклучително фреквентна и претставува витален бизнис-центар. Очевидци пренесуваат дека напаѓачите пристигнале со возило и веднаш почнале да пукаат, по што полицијата возвратила со оган.


Турските власти соопштија дека истрагата е во тек, а првичните индиции укажуваат дека убиените напаѓачи биле поврзани со радикални групи кои ја злоупотребуваат религијата за екстремистички цели.


TOPSHOT - A police official stands alert near The Israeli Consulate in Istanbul on April 7, 2026, following a shootout between gunmen and police.


Во моментот на инцидентот, во објектот немало израелски дипломатски персонал. Конзулатот веќе подолг период функционира со ограничено присуство поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, што дополнително ја наметнува потребата од максимална будност околу сите дипломатски претставништва.

Последни теми