Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Трамп: Војната со Иран може наскоро да заврши

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран е пред самиот крај, најавувајќи наскоро и нејзино конечно разрешување.


Според неговите изјави, САД веќе ги оствариле клучните воени цели. Трамп нагласи дека иранските воени капацитети се сериозно ослабени, а воените операции на теренот напредуваат многу побрзо од првичните предвидувања.


Тој во повеќе наврати потенцираше дека крајот на непријателствата е близу, а во изминатите неколку дена сигнализираше и можност за завршување на војната преку дипломатски пат или политичко решение.

Медиумските извештаи откриваат дека Трамп дури ја разгледува и опцијата за прекин на конфликтот без целосно исполнување на претходно зацртаните услови. Ова упатува на можен пресврт во американската државна стратегија.


Сепак, и покрај ваквите најави, состојбата на теренот останува нестабилна. Тензиите не стивнуваат, а неизвесноста околу конечниот исход сè уште е голема. Дел од аналитичарите сметаат дека, иако постојат сигнали за деескалација, конкретен договор меѓу двете страни сè уште не е на повидок.


Конфликтот меѓу САД и Иран, кој ескалираше кон крајот на февруари, предизвика сериозни геополитички и економски потреси, вклучувајќи го и наглиот раст на цените на енергенсите и зголемената дестабилизација на целиот регион.


Експертите оценуваат дека клучен фактор за запирање на војната ќе бидат тековните дипломатски напори и подготвеноста на двете страни за меѓусебен компромис.

Последни теми