Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Техеран тврди дека поседува оружје за кое САД и Израел немаат информации

Иран упати порака до САД и Израел дека располага со вооружување за кое, како што тврдат иранските власти, двете земји воопшто не се информирани.


Според изјавите на претставници од Техеран, нивните воени капацитети не се целосно познати и дел од ресурсите остануваат „неоткриени“, наспроти тврдењата од американска страна за значително ослабена воена моќ на земјата.


Ваквата реторика доаѓа во време на екстремно засилени тензии и зачестена размена на остри изјави меѓу инволвираните страни. Иран претходно ги демантираше наводите дека неговата воена инфраструктура е сериозно оштетена, нагласувајќи дека клучните стратешки капацитети остануваат недопрени.


Истовремено, Техеран предупреди дека ќе одговори на секој евентуален нов напад, додека воените претставници повторија дека располагаат со средства за дејствување кои досега не биле јавно претставени.


Состојбата и понатаму е крајно напната, а ваквите изјави дополнително ги зголемуваат стравувањата од нова ескалација на конфликтот во регионот.

Последни теми