Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Стотици бензински пумпи во Франција без гориво

Стотици бензински пумпи ширум Франција се соочуваат со сериозен недостиг на гориво. Дел од нив веќе останаа целосно без бензин и дизел, што предизвика бран загриженост меѓу граѓаните.


Според извештаите од теренот, проблемот не е локализиран само во одредени региони, туку се чувствува низ целата земја. На одредени локации веќе се воведуваат рестрикции и се ограничуваат количините на гориво што можат да се наточат при едно полнење.


Овој недостиг се појавува во време на зголемена побарувачка и изразена нестабилност на енергетските пазари предизвикана од глобалните тензии, што дополнително го отежнува редовното снабдување.


Француското Министерство за енергија соопшти дека нема ризик од целосен прекин на снабдувањето, но призна дека постои силен „пазарен притисок“ и евидентен раст на цените, особено кај дизелот.


Властите упатија апел до граѓаните да избегнуваат панично купување и непотребно правење залихи. Таквото однесување, според надлежните, може само дополнително да ја влоши состојбата и да доведе до нови локални недостизи.


Состојбата се следи будно, а Владата најавува итни мерки за стабилизација на пазарот со цел да се обезбеди непречено снабдување во претстојниот период.

Последни теми