Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Шпанија го затвори воздушниот простор за американските авиони поради нападите врз Иран

Шпанската влада донесе одлука за целосно затворање на својот воздушен простор за американските воени авиони кои учествуваат во операциите против Иран. Министерката за одбрана, Маргарита Роблес, истакна дека Шпанија нема да дозволи користење на своите бази ниту на небото за дејствија поврзани со оваа војна.


Овој потег е дел од официјалниот став на Мадрид против еднострани воени акции кои се косат со меѓународното право. И покрај економските закани од страна на САД, премиерот Педро Санчез останува на ставот дека нападите се неодговорни и нелегални. Со оваа одлука, американските воздухоплови ќе мора да ја заобиколуваат Шпанија на патот кон Блискиот Исток.

Последни теми