Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Се урна катарски воен хеликоптер

Хеликоптер на катарските сили се урна по „технички дефект“ за време на редовен лет, соопшти Министерството за одбрана на Катар, истакнувајќи дека потрагата по екипажот и патниците е во тек.


Според нивните изјави објавени на мрежата X, дефектот се случи за време на рутинска мисија и доведе до пад на леталото, додека надлежните служби интензивно ги бараат луѓето што биле во хеликоптерот.


Детали за природата на мисијата, како и точниот број на луѓе на хеликоптерот засега не се објавени, а не е јасно дали несреќата е поврзана со актуелните конфликти на Блискиот Исток.


Од почетокот на конфликтот предизвикан од израелско-американскиот напад врз Иран на 28 февруари, Катар постојано е цел на напади од Техеран.

Последни теми