Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Лидерот на „Ватан“ повикува на повлекување на Турција од НАТО

Лидерот на турската партија „Ватан“, Догу Перинчек, најави иницијатива за повлекување на Турција од НАТО и формирање нов стратешки сојуз.


Тој изјави дека неговата партија ќе предложи платформа која предвидува напуштање на Алијансата, како и целосно редефинирање на надворешната политика и безбедносната позиција на земјата. Перинчек упати повик до сите политички сили во Турција да го поддржат овој курс и да се приклучат кон создавање алтернативен блок.


Според него, Турција мора да го преиспита своето членство во НАТО, нагласувајќи дека напуштањето на Северноатлантскиот сојуз е неопходен чекор за заштита на националните интереси во иднина.


Тој истакна дека политиките на САД и Израел имаат пресудно влијание врз одлуките во рамките на НАТО, што, како што тврди Перинчек, не е во согласност со интересите на Турција и дел од европските држави.


Дополнително, во неговото излагање беше посочено дека Турција се соочува со сериозни притисоци поврзани со регионалните прашања, вклучително и споровите во Источниот Медитеран и Егејското Море, каде интересите на земјата честопати се коси со оние на останатите членки на Алијансата.

Последни теми