Иранската новинска агенција Тасним соопшти дека седум ракети погодиле подрачје во близина на претседателската палата и комплексот каде што се наоѓа резиденцијата на врховниот верски лидер во Техеран.
Според ирански извори, меѓу погодените објекти има административни и безбедносни објекти. Засега нема независна меѓународна потврда за обемот на штетите.
Ирански медиуми јавуваат дека во нападите загинале неколку повисоки припадници на Иранска револуционерна гарда, но бројот на жртви не е официјално потврден од независни извори.
Експлозии биле пријавени и во други градови, меѓу кои Табриз, Исфахан, Ком и Керманшах. Дел од извештаите наведуваат дека биле погодени и државни институции.
Врховниот лидер Али Хамнеи бил евакуиран пред нападите и се наоѓа на безбедна локација, според иранските државни медиуми. Претседателот Масуд Пезешкијан, исто така, не е повреден, јавуваат официјални извори.
Ситуацијата останува динамична, а меѓународната заедница внимателно ги следи развојот на настаните и можните последици по регионалната безбедност.