Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Иран ги нападна рафинериите во Хаифа

Иран изврши нови напади врз Израел, при што биле погодени рафинерии и складишта за гориво во градот Хаифа, додека експлозии биле пријавени и во Тел Авив. Нападите доаѓаат во услови на ескалација на конфликтот меѓу двете земји.


Според извештаи на медиуми, нападите биле извршени со ракети и беспилотни летала, а сирени за воздушна опасност се огласиле во повеќе делови на Израел.


Иранските власти соопштија дека нападот врз рафинеријата во Хаифа бил изведен како одговор на претходните израелски напади врз енергетската инфраструктура во Техеран.


Конфликтот меѓу Иран и Израел во последните денови значително се интензивира, со

напади врз енергетски и воени цели во регионот.

Засега нема официјални информации за бројот на жртви или за точната материјална штета од последните напади.

Последни теми