Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

ЕУ предупредува на долготраен енергетски шок и можни ограничувања на горивото

Европската Унија предупредува дека континентот се соочува со потенцијално долготрајна енергетска криза, при што не се исклучува можноста за воведување рестрикции во снабдувањето со горива.


Европскиот комесар за енергија, Дан Јоргенсен, изјави дека Унијата мора да се подготви за „долготраен енергетски шок“, нагласувајќи дека цените на енергенсите ќе останат на високо ниво подолг временски период. Како дел од можните заштитни механизми, ЕУ разгледува различни сценарија, вклучително и ограничување на потрошувачката и стратешко искористување на резервите за да се ублажат економските последици.


Кризата е директно поврзана со воените тензии на Блискиот Исток и нарушувањето на глобалните енергетски текови. Посебен фокус е ставен на Ормускиот Теснец, кој е клучна точка за светскиот транспорт на нафта и гас, а чија безбедност во моментов е загрозена.


Во изминатиот период, цените на дериватите во Европа бележат значителен раст, а експертите предупредуваат на дополнително влошување на состојбата, особено кај дизелот. Иако во моментов нема целосен прекин во снабдувањето, европските институции веќе подготвуваат координиран одговор за да се избегнат посериозни пазарни нарушувања и економски шокови.

Последни теми