Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Авион се судри со противпожарно возило на аеродром во Њујорк

Инцидент со сериозни последици се случи на аеродромот LaGuardia Airport во Њујорк, каде патнички авион се судрил со противпожарно возило, по што избувнал пожар.


Според првичните информации, во несреќата се повредени околу 70 лица, додека најмалку две лица се пријавени како загинати. Надлежните служби веднаш интервенирале на местото на настанот, а дел од повредените се пренесени во блиските болници.


Аеродромските операции биле делумно прекинати додека траела интервенцијата и истрагата за причините на судирот. Засега не се соопштени официјални детали за тоа како дошло до несреќата.


Според некои медиуми, во авионот се наоѓала група патници, меѓу кои и припадници на ортодоксна еврејска заедница, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена од властите.


Истрагата е во тек.




Последни теми