Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Шефот на НАТО доаѓа во Македонија

Во рамки на посетата на Република Северна Македонија, генералниот секретар на НАТО, г. Марк Руте, утре ќе оствари посета на Армијата на Република Северна Македонија во касарната „Илинден“ во Скопје.


Согласно програмата, за време на посетата предвидено е обраќање на генералниот секретар на НАТО, по што ќе следува презентација на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) и обиколка на дел од опремата која е во состав на оваа единица.


На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерството за одбрана.

Последни теми