Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата од март годинава ќе изнесува 26.046 денари и се зголемува за околу 1.600 денари. Владата не попушти и пресече дека таа само законски ќе се усогласи. Сојузот на синдикатите на Македонија демонстративно ја напушти седницата на Економско-социјалниот совет. Најавуваат дека борбата за 600 евра минималец, и 6.000 денари раст на сите останати плати ќе продолжи од улица, со протести.


„Како што се плашевме, на денешната седница на Економско –социјалниот совет, претставниците на Владата планираат да ја усогласат минималната плата само онолку колку што е законското усогласување. Сојузот на синдикатите на Македонија не може да биде соучесник во состојба за работниците значи, односно само за оние работници кои примаат минимална плата 1.500 денари. Бараме 600 евра минимална плата, за најмалку 6.000 денаризголемување на сите останати плати“, рече Трендафилов.


Министерот за економија Дурмиши ја кажа пресметката, минималната плата од март се зголемува за 6,86 проценти.


„Минималната плата која во 2025 година изнесуваше бруто 36.037 денари во бруто износ за 2026 година ќе изнесува 38.507 денари, односно 26.046 денари нето. Тоа претставува зголемување од 2.470 денари во бруто износ, односно 1.667 денари во нето износ“, рече Дурмиши.


Премиерот Мицкоски рече дека минималната плата се зголемува, а платите растат и секаде каде Владата е работодавач.


„Денеска на дневен ред е информација за висината на минималната плата која што ќе биде во 2026 година, согласно закон.Очекувам дека на следна владина седница, утре или следната недела, мислам дека уште утре ќе биде да тоа го поминеме и како Влада.И потоа нормално согласно висината на минималната плата, од април за март практично да почне истата да се исплатува“, кажа Мицкоски.


Работодавачите пред седницата кажаа дека немаат став од своето членство бидејќи седниците се закажувале пет до дванаесет.


„Овој Економко социјален совет е закажан во петокот на пладне за денеска во 11 часот. Постојано напоменувам дека ваквиот начин на закажување на состаноци е многу несериозен од страна на институцијата која го прави тоа, бидејќи сите ние делуваме институционално, имаме тела во организацијата кои треба да бидат консултирани за било какви точки, особено точки од ваков тип.Уште повеќе што точката за минимална плата беше додена денеска сабајлево, само како една точка без никакви материјали и без никакви предлози.“, изјави Владанка Трајкоска од ОРМ.


Од Сојузот на синдикатите на Македонија се децидни дека борбата продолжува од улица. Најавуваат протести за средината на март. А доколку и тоа не вроди со плод, имаат одлука за Генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор.

Последни теми