Нов асфалт, стандардизирани тротоари и јавно осветлување се дел од проектот што се реализира на улицата „Методија Митевски“, информираат од Кабинетот на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
Денес, како што информираат, било извршено асфалтирање на улицата, по претходно уредување и стандардизација на тротоарите. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и зголемување на безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот.
Работите ќе продолжат со завршната фаза, која опфаќа поставување на јавно осветлување, со што просторот ќе стане побезбеден и пофункционален за сите жители.
-Во Чаир се реализираат конкретни проекти. Реални инвестиции и стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор повеќе кон поразвиена и побезбедна општина, истакна градоначалникот на oпштина Чаир, Изет Меџити.
Во продолжение ќе се работи со ист интензитет и на асфалтирање на другите улици предвидени во рамки на овој проект.