Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Земјотрес почувствуван во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга

Земјотрес со епицентар во Грција рано утринава бил почувствуван во неколку градови во западниот и југозападниот дел на Македонија.


Потресот се случил во 4 часот и 32 минути, а бил регистриран во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга. Според информациите, епицентарот се наоѓал на околу 200 километри јужно од Скопје, а јачината на земјотресот изнесувала 5.5 степени според Рихтеровата скала.


Од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет – Скопје информираа дека, според досегашните податоци, интензитетот на потресот што бил почувствуван во земјава изнесувал три степени според Европската макросеизмичка скала.

Последни теми