Сите 40 досегашни корисници од општина Кисела Вода продолжуваат да ја добиваат услугата „Итно копче“ во своите домови. Оваа поддршка за највозрасните жители континуирано се реализира во соработка со Црвениот крст. За ова денеска информираше градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, која заедно со претставник на Црвениот крст посети домови на некои од корсниците на услугата.
„Услугата „Итно копче“ ја користат лица над 65 години, на кои им е достапна помош во домот од 20 лиценцирани негователи. Преку уредот се нуди 24/7 поддршка секогаш кога корисникот ќе се најде во состојба за која е потребна итност. Обучените лица се грижат за нивната добросостојба, нудејќи прва помош и прва психолошка помош. Во случаите кога тоа е неопходно, услугата вклучува и транспорт до соодветната здравствена установа со посебни возила,“ инфорира Општината.