Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Ученик донел нож во скопско училиште

Родители на деца кои учат во основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје се жалат дека четири години имаат страв за нивните деца поради проблематичен ученик, кој во последниот случај, што ја разбранува јавноста, донел нож во училиштето.


Според информациите, со ученикот, кој е четврто одделение, службите работеле четири години, но како што велат родителите, ситуацијата не се подобрила, напротив се влошила.


Како што пренесуваат некои медиуми, мајката на ученикот рекла дека при подготовка на ужинката по грешка го ставила и ножот во ранецот на детето.


„Детето четири години е агресивно, насилно и минатата година син ми кој е со посебни потреби со ножички. Бркаше девојче со ножички низ училницата, за сега да извади нож на час. Мајката потпишала дека пржела лепчиња и му го подготвувала ранецот во исто време и по грешка ставила нож во ранецот. Од директорката четири години добиваме уверување дека се работи со детето, но станува неиздржливо. Четири години работат со детето и само се влошува состојбата. Во истото училиште ученичка истепа наставнички, што беше објавено на медиуми. Во сите одделенија се бара вонредна родителска затоа што родителите веќе не чувствуваат дека децата им се безбедни во училиште. Се пика под тепих за да не се наруши угледот на училиштето. Без медиуми очигледно нема нипто да направиме. Родителите на детето праќаат инспекција на наставничката, директорката и врши притисок на наставничката, ние родителите на наставничката и ништо не решивме. Од службите велат дека работат со ученикот, видовме од шамари и плуканици, преку ножички до нож. Се работи за деструктивно дете кое лиже клупи, јаде пластелин, сунѓер, живее во свој свет. Родителите четири години добиваат насоки од службите да го однесат детето на проценка во МКФ и тоа четири години не е направено“, велат родители за Скопје1.


Во гостувањето во поткастот „Претрес со Ландов“, министерката за образование и наука Весна Јаневска, изјави дека е запознаена со случајот со детето од училиштето „Киро Глигоров“.


„Го знам случајот, мислам дека денес постапува Државен просветен инспекторат, не сум сигурна тие ќе ме информираат, ќе состават записник и ќе ми кажат. И јас сум ги слушнала овие муабети дека директорката ги заштитува родителите и тоа ќе треба ако овој записник покаже дека има нешто да се продлабочи и прошири, вели Јаневска.


На прашањето дали може да ја смени директорката, министерката Јаневска одговори дека не може, бидејќи тоа е надлежност на градоначалникот Герасимовски.


„Не сме разговарале, не знам дали е точно, но од тоа што се слуша е така. Службите можат да работат со детето, но функционална проценка на ова дете е неопходна, и ако е сè ова што го пишуваат родителите точно, тогаш ќе треба дел од часовите детето да ги помине во друга установа. Треба да има образовен асистент, очигледно детето нема, бидејќи не се спомнува овде. Како и да е овој случај ќе продолжиме да го истражуваме. Дефинитивно ќе мора да се реши“, вели Јаневска.

Последни теми