Утрово уапсен бил 24-годишник од гостиварско, по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 23-годишна сопруга.
Утрово во 05:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.А.(24) од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 23-годишна сопруга, информираат од СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.