Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Уапсен 80-годишник, возел во спротивен правец на автопатот Тетово-Скопје

Лишен од слобода тетовец затоа што на автопатот Тетово-Скопје возел во спротивен правец, информираа од полицијата.


- На 28.02.2026 во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.С.(80) од Тетово, затоа што на автопатот Тетово - Скопје, управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, во спротивен правец, соопштија од МВР.


Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против С.С. ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.

Последни теми