Во Основниот суд во Тетово продолжи судскиот процес поврзан со изградбата на објектот за театар и библиотека. На денешното рочиште беа сослушани две вешти лица предложени од одбраната.
Случајот се однесува на наводни злоупотреби при изградбата на објектот, а во постапката обвинети се четири лица и едно правно лице. Обвинетите претходно изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.
Судењето продолжува со доказната постапка, во која се разгледуваат економските и градежните аспекти поврзани со изградбата на театарот и библиотеката во Тетово.