Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Сомнеж за салмонела во РЕК Битола, десетици вработени со симптоми

Десетици вработени во РЕК Битола побарале лекарска помош по појавата на симптоми како стомачни болки, повраќање и покачена температура. Ова отвори сомнеж за масовно труење со храна, а првичните информации укажуваат на можна инфекција со бактеријата салмонела.


Според досегашните податоци, повеќе од 80 вработени се јавиле во Клиничката болница во Битола со слични тегоби. Најголемиот дел од нив, по укажаната медицинска помош, се пуштени на домашно лекување.


Се претпоставува дека симптомите се појавиле по консумирање оброк во работничката менза каде што, според изјавите на вработените, биле послужени лазањи со сос.


По инцидентот, надлежните институции извршија вонреден инспекциски надзор. Кујната во комбинатот е привремено затворена, а земени се мостри од храната и од работните површини за дополнителна лабораториска анализа.


Во истрагата се вклучени Центарот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен инспекторат. Тие треба да утврдат дали станува збор за алиментарна инфекција (инфекција пренесена преку храна), вклучително и потврда за присуство на салмонела.


Надлежните најавија дека конечните резултати ќе бидат познати по завршувањето на сите лабораториски испитувања, по што ќе се знае точната причина за здравствените проблеми кај вработените.

Последни теми