Од скопската Зоолошка градина Скопје известија дека се родиле две преслатки близначиња лемури, кои веќе го разубавуваат живеалиштето со своите разиграност и љубопитност.
Лемурите се примати што потекнуваат од Мадагаскар и се познати по своите долги опашки, големите очи и силно развиеното чувство за заедница. Живеат во групи, комуницираат со звуци и мириси, а мајките се исклучително грижливи, носејќи ги своите младенчиња постојано со себе. Кај лемурите владее матријархат, односно женките се главни во своите групи.