Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Се прибираат докази по смртта на жена и дете во Карпош

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото во скопската населба Карпош, каде по пад од висококатница животот го загубија жена и малолетно дете.


Од Јавното обвинителство информираа дека обвинителот наредил обдукција на телата на починатите, како и прибирање траги и други материјални докази со цел целосно расветлување на настанот.


Во рамки на истрагата се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за околностите и причините за трагедијата.


Од Обвинителството најавија дека повеќе информации за преземените дејствија ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.


Според првичните информации, мајката и детето попладнето паднале од балкон во Карпош, а случајот во полицијата бил пријавен во 14:15 часот. Настанот се случил во зградите во близина на поранешна „Алумина“.

Последни теми