Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Се подготвува евакуација на македонските граѓани од Емирати со автобуси преку Оман

Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓаните кои се затекнати во Обединетите Арапски Емирати, преку копнената граница на Султанатот на Оман.


– Исто така, нагласуваме дека oграничен број летови беа во можност да ги напуштат Обединетите Арапски Емирати, преку аеродромот на Абу Даби и Дубаи, кои беа цел на мета на нападите од Иран. Со овие летови беа евакуирани само патниците кои биле затекнати во трансфер зоните по овие аеродроми. Во таа насока, Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби е во континуирана комуникација со властите на Обединетите Арапски Емирати, со цел да организира и да се разгледа можноста за евакуација и со други летови, веднаш по добивање на дозвола дека воздушниот простор на ОАЕ е безбеден за летање, се наведува во објавата на македонската амбасада во Абу Даби на нивниот фејсбук профил.


Сите заинтересирани лица може да пријават во ДКП Абу Даби.

Дежурен мобилен број на Амбасадата +971 56 441 7532

Емаил адреса: abudabi@mfa.gov.mk

Последни теми