Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Приведен 34-годишен гостиварец осомничен за убиство на својот татко

Триесет и четиригодишен маж од Гостивар е приведен под сомнение дека го убил својот 63-годишен татко во семејниот дом, информираат од Министерството за внатрешни работи.


Според информациите, случајот бил пријавен во раните утрински часови, по што полициски службеници излегле на терен. Во куќата го пронашле починатиот маж со видливи повреди на главата и траги од насилство.


Полицијата веднаш го лишила синот од слобода поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“.


Во првичниот исказ, осомничениот тврдел дека татко му починал претходниот ден откако паднал во бањата, но случајот воопшто не бил пријавен кај надлежните служби.

По пријавата од член на семејството и извршениот увид, случајот е класифициран како убиство, по што е веднаш започната истрага.


За настанот е известен јавен обвинител, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Последни теми