Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп“. Пријавата е доставена до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.
Р.С., полициски службеник од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, на 27.02.2026 при вршење на службени дејствија со специјално возило „Пајак“, побарал и примил поткуп од лице од Куманово. Целта била да не се изготви записник за констатиран сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог поради непрописно паркирано возило, со што нарушил законот и овозможил лицето да не биде казнето.
Одделот за внатрешна контрола поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, како и за отстранување на Р.С. од работното место.