Осумнаесетгодишно момче од Скопје било донесено без знаци на живот во Ургентниот центар во Гостивар.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 20 март околу 20:29 часот, а лекар констатирал смрт.
По насока на јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.