Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Платите во МВР се зголемуваат линеарно за 2.470 денари

Министерството за внатрешни работи спроведе линеарно зголемување на платите за сите вработени во бруто-износ од 2.470 денари, соопштија од институцијата.


Покачувањето ќе се применува со исплатата на мартовската плата за 2026 година и доаѓа како резултат на усогласувањето со новиот износ на минималната плата во државата.


Од МВР посочуваат дека ова зголемување е дел од континуираните напори за подобрување на животниот стандард на вработените и на условите за работа во полицијата.


Воедно, најавено е дека во претстојниот период, со имплементацијата на новиот Закон за внатрешни работи, ќе се разгледуваат можностите за дополнително покачување на примањата.


Оваа мерка ги опфаќа сите категории вработени во Министерството, а целта е да се обезбеди рамномерен раст на платите во согласност со економските движења и законските измени.

Последни теми