Советот на Ѓорче Петров донел одлука да субвенционира дел од трошоците за полагање на возачки испит. Според информациите, оваа одлука ќе ги опфати младите лица на возраст од 18 до 25 години, на кои Општината ќе им плаќа по 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија.
За општината ова е вложување во самостојноста, мобилноста и сигурната иднина на младите од Ѓорче Петров.