Во населеното место Кадино, во општина Илинден, започна реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“, информираа од локалната самоуправа.
Според информациите, се работи за делница со должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, каде е предвидена реконструкција на коловозот и изградба на тротоар со широчина од 1,5 метри.
Од општината посочуваат дека со оваа фаза се продолжува реконструкцијата на улицата „11“ во Кадино. Со претходно реконструираниот дел, вкупната должина на обновената улица изнесува околу 720 метри.
Увид во градежните работи изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Илинден, соопштија од општината.