Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил неговата сопруга.
„На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што ѝ предизвикал сериски фрактури на три ребра“, соопшти ОЈО Куманово.
Тој е осомничен за кривичното дело Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката.