Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Одземено возило во Струга: Го управувал 16-годишник без возачка дозвола!

Струга, 26. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 25 февруари 2026 година, во 19:50 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од ОВР Струга, сопреле патнички автомобил „Фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16-годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.


– По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и возилото го одзедоа. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Последни теми