Седницата на Комисијата за еднакви можности на која треба да има јавна расправа за Национална стратегија за родово насилство не може да почне бидејќи пратеничка од Европскиот фронт бараше материјалите да и биле доставени на албански јазик. „Ми правите психичко насилство со тоа што материјалите не ми се доставени на албански“, кажа претничката и инсистираше на пауза. Пратеничката Жаклина Пешевска која заседава со седницата видно се вознемири бидејќи е убедена дека можела да си ги преземе од интернет страницата на Собранието каде што ги имало и на албански јазик. „ Оваа седница е да застанеме зад жртвите на семејно насилство, а не да добивате политички поени. Не манипулирајте, денеска не е место, луѓево тука се дојдени да промениме нешто“, вознемирено и се обрати Пешевска и и укажа дека нема повеќе можност за процедурално. По ова се слушна аплауз во салата за говорот на Пешевска. Но, пратеничката беше упорна па не се тргаше од говорницата од каде инсистираше на пауза и материјали во печатена форма. Гостите реагираа дека веќе го планирале денот да дојдат на јавната расправа и ова што го прави пратеничката од албанската опозиција не е во ред.
По ова Пешевска даде пауза, на што пратеничката и возврати, ама на македонски јазик -„нормално дека ќе дадеш“, по што настана поголем револт кај присутните. „ а сега знаеш македоснки“, се слушна глас од некој од присутните. Пешевска на крај даде 10 минути пауза да се смират страстите.