Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Мицкоски: Снабдувањето со нафта е стабилно, цените се најниски во регионот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на домашниот пазар има доволно нафтени деривати и дека снабдувањето е стабилно, и покрај зголемената потрошувачка во изминатиот период.


Според неговите тврдења, зголемената побарувачка на гориво во државата делумно се должи на возачите од соседните земји, кои ја преминуваат границата за да точат гориво по пониски цени. Мицкоски посочи дека во моментов Северна Македонија ги има најниските цени на горивата во регионот, што директно влијае врз прометот, особено во пограничните предели.


Во контекст на глобалните енергетски превирања, од Владата велат дека располагаат со механизми за интервенција доколку дојде до нов ценовен шок. Како можни чекори се најавуваат прилагодувања на даноците и акцизите за да се заштити стандардот на граѓаните.


Овие уверувања доаѓаат по појавата на одредени стравувања во јавноста за евентуален недостиг на гориво. Надлежните тврдат дека состојбата е под контрола и дека државните резерви се доволни за непречено функционирање на пазарот.

Последни теми