Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени безбедносната состојба во Македонија како стабилна, но кажа дека може да има одредени предизвици на економски план, во однос на цената на нафтата.
„Мирна и стабилна е безбедносната состојба, не постои ризик за земјава. Имавме Совет за безбедност, направивме анализа, врз основа на информациите кои ги добивме, безбедносната состојба е стабилна, можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, односно притисок врз цената на енергенсите, на нафтата и на гасот, повеќе на нафтата. Можно е да има зголемување на цените, но во разговор со Министерството за финансии ќе реагираме, можеби со намалување на акцизите за да намалиме ударот врз стандардот на граѓаните“, изјави Мицкоски.