Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Македонци денеска се враќаат од Дубаи

Се очекува денеска да се реализира уште еден лет за евакуација на македонски државјани на релација Дубаи – Скопје.


Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати во неделата ги информираше сите граѓани кои моментално се наоѓаат во земјата дека во вторник ќе биде организиран нов лет за евакуација.


Од Амбасадата посочуваат дека подготовките и деталите се во завршна фаза, при што ги повикуваат сите граѓани со итна и приоритетна потреба да се пријават во најкус можен рок.


Евидентирањето може да се изврши преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, на телефонскиот број +971 56 441 7532 или на електронската адреса abudabi@mfa.gov.mk.


Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација од регионот на Блискиот Исток, со кои вкупно се превезени 458 патници.



Последни теми