Министерството за внатрешни работи спроведува координирана акција за сузбивање на детска порнографија на повеќе локации низ државата.
Според првичните информации, Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност (БЈБ), во соработка со неколку сектори за внатрешни работи, врши претреси на вкупно седум локации.
Целта на операцијата е обезбедување докази за кривично дело поврзано со производство и дистрибуција на детска порнографија. Во рамките на претресите, одземени се компјутерски уреди и дигитални медиуми за складирање податоци, кои ќе бидат предмет на понатамошно вештачење.
Акцијата е сè уште во тек. По нејзиното завршување, се очекуваат подетални информации од страна на надлежните институции и обвинителството.