Евакуираните македонски државјани од Израел, кои преку Египет се враќаат во Северна Македонија, се очекува да пристигнат вечерва на Меѓународен аеродром Скопје.
Според информациите, нивното слетување е најавено околу 20 часот. Евакуацијата е организирана поради актуелната безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток.
Надлежните институции претходно информираа дека македонските државјани биле безбедно извлечени од Израел и транспортирани преку Египет, од каде што го продолжиле патувањето кон Македонија.
Се очекува по нивното пристигнување на скопскиот аеродром да бидат пречекани од претставници на институциите.