Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

47 одземени возила во Битола, за само еден месец

Со измените во Кривичниот законик кои стапија на сила минатиот месец, освен паричните и затворски казани, дел од граѓаните останаа и без своите автомобили.


Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во текот на месец февруари, на ниво на држава одземени се 148 возила. Од нив, дури 47, или една третина се на територија на СВР Битола. Полицијата ги конфискува, а дали истите ќе им бидат вратени на сопствениците или трајно одземени-одлучува надлежниот суд.


Дел од граѓаните ја поддржуваат мерката за одземање на возилата, сметајќи дека построгите санкции се неопходни за да се намали бројот на сообраќајни прекршоци. Други пак сметаат дека мерката е строга и дека според Уставот, возилата можат да бидат одземени само во одредени случаи.


Надлежните институции очекуваат дека новото законско решение ќе има силен превентивен ефект и ќе придонесе за поголема безбедност на патиштата, и понатаму останува апелот, возачите да ги почитуваат правилата и да возат одговорно.


Последни теми