400 македонски граѓани со интерес да се евакуираат од загрозените подрачја. 30 од нив од македонските амбасади во Израел, Катар Обединети Арапски емирати, побарале веднаш во прва прилика да ја напуштат земјата.
Информациите говорат дека од 70 наши граѓани 19 бараат да се евакуираат од Израел.
И од останатите жаришта расте интересот за евакуација. Во Катар 20 македонски граѓани се заглавени на крузер. Од 65 македонски граѓани 11 побарале евакуација од оваа земја. Во Дубаи од 360 македонски државјани 300 бараат да бидат извлечен. За дел од нив не се исклучува можноста да се евакуираат преку Египет.
За македонските државјани во Израел, се разгледуваат и повеќе алтернативи за нивно безбедно извлекување.
Но, официјалните информации на МНР говорат дека од Катар и Обиденетите арапски емирати поради безбедносни причини нема дозвола за евакуација
Аеродромите се затворени, а препораките и на македонските и на тамошните власти се граѓаните да останат дома.
Николај Павловски од Куманово кој две недели работи во Дубаи за ТВ 24 раскажува дека по вчерашните напади одлучил да го напушти градот и да замине на безбедно место во пустинска област во Абуд Даби на граница со Оман.
Вели дека од Дубаи нема дозвола за летање, но од Абу Даби веќе се пуштени неколку комерцијални авиони. Во контакт сум со нашата амбасада, ќе барам евакуација само ако имаме безбедно небо, вели Павловски
Од Македонската амбасада во Обедентите арапски емирати попладнево сооштија дека се разгледува и можноста напшите граѓани да се евакуираат до Садуска Арабија по копнен со автобиси
Вчера МНР успешно од Иран преку Турција го евакуирала македонскиот фудбалер и репрезентативец Стефан Ашковски.
Од МНР велат дека со сите сите пријавени лица се одржува редовна комуникација. Се преземаат активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација. Но се зависи од развојот на состојбата.