Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

18-годишник избодел сограѓанин - Тетово

Вчера во 19:25 часот, полициски службеници од СВР Тетово привеле 18-годишниот Д.А. од Тетово.


Тој се сомничи дека, по кратка расправија на улица „173“ во Тетово, со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 23-годишниот С.Л., кои биле констатирани во Клинички центар Тетово.


Осомничениот е задржан во полициска станица, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.


По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Последни теми