Едно лице загина, а 39 се повредени откако трамвај излета од шини во Милано. Трамвајот бил полн со патници кога удрил во страничен ѕид од зграда.
Се верува дека загинатиот не бил меѓу патниците, туку бил удрен од трамвајот. Италијанските медиуми велат дека има неколкумина сериозно повредени.
Патниците опишаа дека слушнале бучава под трамвајот, по што тој скршнал, забрзал и удрил во зграда. Не е јасно што го предизвикало излетувањето од шините, иако медиумските извештаи сугерираат дека трамвајот пребрзо свртел во остра кривина, кога излетал.
Видео: