За утре, во главниот град, се најавени прекини во електро и водоснабдувањето.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (петок) без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Георги Димитров бр.10 (општина Кисела Вода). Прекинот ќе трае од 8 часот наутро, до 12 часот попладне.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека најавениот прекин во водоснабдувањето, односно изведувањето на водоводен приклучок на ул. Кеј 13-ти Ноември бб, поради технички причини се одложува за утре (петок) и поради тоа прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Истарска и Маџирмаало (општина Центар). Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршувањето на интервенцијата.